Социјалните и економските ефекти од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија: ажурирање

Поради пандемијата дел од децата немаат пристап до услуги од витално значење и тоа ги става во постојан ризик

Главни црти

И покрај тоа што владините мерки за борба против ковид-19 и против последиците од КОВИД-19 ретко беа директно насочени кон децата во смисла на финансии, беа спроведени еден куп мерки од страна на владата, како и од други важни засегнати страни, што ја поддржаа благосостојбата на децата за време на пандемијата. Најголемиот владин потег за да се излезе в пресрет на потребите на децата беше приспособувањето на целиот образовен систем, од почетокот на пандемијата, да функционира во нов режим на учење од далечина. Разни кампањи имаа цел да ја подигнат свеста и да ги водат родителите и децата низ чекорите што можат да ги преземат доколку се најдат во деликатна ситуација, како што се случаите на насилство врз деца или случај кога е потребна психолошка поддршка. На крај, но не и најмалку важно, владините мерки за зачувување на работните места и за финансиска помош на невработените лица, генерално, опфаќаа повеќе домаќинства со деца, што го ограничи притисокот од пандемијата врз детската сиромаштија. Сепак, и покрај тоа што пандемијата во моментов спласнува, сè уште постои потреба од дополнителни мерки на политика за натамошно ублажување на последиците од пандемијата што може да траат и во иднина.

И покрај тоа што  владините социо-економски мерки против КОВИД-19 го ублажија влијанието на пандемијата врз екстремната детска сиромаштија, се зголеми бројот на  деца што живеат под просечниот животен стандард. Според најновата анализа на социо-економските ефекти на КОВИД-19 врз децата, нарушувањата во услугите на социјална заштита и образование, како  и намалената побарувачка на здравствени услуги, ги ставаат децата во дополнителен ризик додека пандемијата сѐ уште трае.

Cover image
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански

Симнете го извештајот

(PDF, 20,58 MB) (PDF, 2,01 MB) (PDF, 2,02 MB)