Менталното здравје на адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата со Ковид-19

Студија што има за цел да собере податоци за социодемографските карактеристики и за менталното здравје на адолесцентите и на нивните старатели во контекст на воспоставените рестриктивни мерки како одговор на пандемијата со КОВИД-19 во земјата

Mental health studies
UNICEF/2023

Главни црти

Оваа студија имаше за цел да собере податоци за социодемографските карактеристики и за менталното здравје на адолесцентите и на нивните старатели во контекст на воспоставените рестриктивни мерки како одговор на пандемијата со КОВИД-19 во земјата. Податоците беа обработени за да се утврдат стапките на застапеност и факторите на ризик поврзани со нарушеното ментално здравје и квалитетот на живот кај адолесцентите и кај нивните старатели.

Поконкретно, студијата има за цел да ја утврди стапката на вообичаени проблеми со менталното здравје меѓу адолесцентите и нивните старатели, да ги идентификува факторите
на ризик поврзани со честите психолошки проблеми и со нарушениот квалитет на живот, како и да понуди препораки за развој на стратегии за промоција, превенција и за рана интервенција.

// Оваа студија е изработена од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД. Ставовите на авторите изразени во оваа публикација не мора да ги одразуваат ставовите на УНИЦЕФ, Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Автор
Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански