Дефинирање и класификација на попреченоста
Целта на оваа брошура и придружниот вебинар е да им помогне на вработените на УНИЦЕФ и на нашите партнери да се запознаат со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

- Достапно на:
- English
- Македонски
Главни црти
Целта на оваа брошура и придружниот вебинар е да им помогне на вработените на УНИЦЕФ и на нашите партнери да се запознаат со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) на Светската здравствена организација (СЗО) и да стекнат разбирање за тоа како таа се вклопува во мисијата на УНИЦЕФ. МКФ е стандарден универзален јазик и концепциска основа за разбирање и опишување на попреченоста. Во неа се обединети различните модели на попреченост, а попреченоста се разбира како опис на состојбата на лицето, а не како негова карактеристика.
