Анализа на состојбата со раната интервенција во детството во Северна Македонија

Сеопфатна анализа на состојбата на национално ниво на системот за рана интервенција во детството и неговите програми и услуги

Kindergarten girl looking at camera and smiling
UNICEF North Macedonia/Georgiev/2019

Главни црти

Недостатокот и недостапноста на скринингот за раниот детски развој и услугите за рана интервенција во детството (РИД) на национално ниво, конкретно во државните јавни услуги за РИД, резултираат со висок процент на деца со фактор на ризик, доцнења во развојот и/или попреченост кои остануваат непрепознаени и неопслужени во Северна Македонија, како и во многу други земји. Ова укажува на тоа дека доенчињата и малите деца со или во ризик од доцнење во развојот не ја добиваат потребната поддршка што би им овозможила да стекнат одредени функционални вештини и да можат да придонесат за заедницата во која живеат. Националните системи за РИД треба да обезбедат висококвалитетни услуги што го гарантираат исполнувањето на детските и родителските права, спречување и намалување на доцнењето во развојот, помагајќи им на родителите да се погрижат нивните деца со попреченост да го достигнат својот целокупен потенцијал, и зајакнувајќи ги семејствата и давателите на грижа да станат компетентни и самоуверени во поддршката што им ја даваат своите деца, истовремено помагајќи им во транзицијата кон инклузивно предучилишно и основно образование и други социјални услуги.

Суштинската цел и опсегот на интерес на Анализата на состојбата со раната интервенција во детството (РИД) во Северна Македонија беше да се спроведе сеопфатна анализа на состојбата на национално ниво на системот за РИД и неговите програми и услуги во Северна Македонија; да се генерираат сигурни докази за постојните национални силни страни и капацитети, најприоритетните потреби и можности за воспоставување и давање понатамошна поддршка за современи и одржливи програми за РИД за децата на возраст од 0-6 години, со акцент на периодот од раѓањето до тригодишна возраст, кои се изложени на ризик од или имаат тешкотии во развојот, меѓу другото и попреченост; и да се дадат препораки во однос на следните чекори за градење, зајакнување, подобрување, проширување и финансиска поддршка на националниот систем за РИД и неговите програми.

Оваа Анализа на состојбата на РИД се смета како темел за изградба на национален систем за услуги за рана интервенција во детството (РИД) кој ќе се заснова на постојните силни страни, ресурси и потреби на децата, семејствата, владата и институциите, центрите и стручните лица за РИД на сите нивоа во Северна Македонија.

Cover image
Автор
UNICEF
Датум на публикација
Јазици
Англиски, Македонски, Албански
ИСБН
ISBN ENG 978-608-4787-93-8