Болеста што ја предизвикува корона вирусот (КОВИД 19)

Што треба да знаеш за вирусот за да се заштитиш себе и својата фамилија

A girl looking out the window
UNICEF

Сите зборуваат за болеста која ја предизвикува корона вирусот (КОВИД) и насекаде може да се најдат информации за вирусот и како да се заштитите од него. Клучното нешто за да бидете правилно подготвени и за да можете да се заштитите себеси и своите сакани е да ги знаете фактите. За жал во јавноста се пласираат многу информации кои не се точни. Ширењето дезинформации во време на здравствена криза прави луѓето да бидат незаштитени и поподложни на болеста, а дополнително шири страв и стигматизација.

Осигурајте се дека информациите ги добивате од доверливи извори, на пример Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација. УНИЦЕФ непрекинато работи заедно со глобални здравствени експерти за да обезбеди точни информации. Информациите на кои можете да им верувате се базирани на најновите научни докази. Ќе продолжиме да обезбедуваме најнови информации, објаснувања за родители и наставници и ресурси за медиумите за најновите информации кои стануваат достапни, така што проверувајте ја оваа страница и информирајте се за најдобрите начини како да се заштитите себеси и своето семејство.

Помогнете и вие во борбата против дезинформациите за КОВИД. Споделете ги овие информации со своето семејство, пријатели и колеги за да се осигураме дека сите ги имаат овие факти за КОВИД и дека можат да го заштитат своето здравје.

 

Shkarkoni këtë informacion në shqip

Поддршка за учење од далечина

Ментално здравје и благосостојба

Објаснувања