Media centre

Principles for reporting on children

Avoid fraud: How to protect yourself

Press releases 2011

Press releases 2010

Press releases 2009

Press releases 2008

Press releases 2007

Press releases 2006

Calendar of UNICEF Supported Events

Communication Materials

Videos

Photo Essays

 

UNICEF releases groundbreaking Report Card on Child Protection

© © UNICEF/NYHQ2005-1929/LeMoyne

UNICEF: Without a protective environment, it’s a harsh life for children

UNICEF releases groundbreaking Report Card on Child Protection

TOKYO, 6 October 2009 - While progress is being made in reducing some violations of children’s rights, not enough is yet known about the extent of abuses against children. Violence and exploitation remain a harsh reality in the lives of many children around the world.

Millions of boys and girls around the world are subject to trafficking, are without parental care, or lack documentation they need to attend school and access basic health care. Millions more are forced to work under harmful conditions, while others face violence or abuse in their homes, in their schools, in their communities, in institutions or while in detention, often from the adult entrusted with their care.

These issues are reviewed in a new UNICEF report -- “Progress for Children: A Report Card on Child Protection,” -- released by UNICEF Executive Director Ann M. Veneman in Tokyo today.

Children in such circumstances are experiencing fundamental infringements of their human rights, and suffering physical and psychological harm that has wide-reaching and sometimes irreparable effects.

“A society cannot thrive if its youngest members are forced into early marriage, abused as sex workers or denied their basic rights,” said Veneman. “Understanding the extent of abuses of children’s rights is a first step to building an environment where children are protected and have the opportunity to reach their full potential.”

The report gathers together for the first time data on a range of issues that impact on children, including sexual abuse and trafficking, child marriage, physical punishment of children, child labour, birth registration, the harmful traditional practice of female genital cutting, and attitudes toward violence against women inside marriage.

Some abuses – such as sexual exploitation and trafficking – are usually committed in conditions of secrecy and illegality, which makes collection of accurate data challenging.

Where data are available, some progress is evident. For example, the data shows that in Bangladesh, Guinea and Nepal – three countries where child marriage is prevalent – the median age of marriage is rising, although it is still below 18 years of age. The report also identifies a slow decline in female genital mutilation/cutting (FGM/C) in countries where such abuse is common.

Included in the report’s findings are:

• More than half the children in detention worldwide have not been tried or sentenced.

• In some parts of the world, the births of two out of three children were not registered in 2007. In Somalia and Liberia less than 5 per cent of births are registered. Birth registration is an important element in building a protective environment for children for a range of reasons, including that without a birth certificate they are more vulnerable to sexual exploitation, trafficking and illegal adoption.

• More than 150 million children between 5 and 14 years of age are engaged in child labour.   Child labour is often both a result and a source of poverty. It can compromise a child’s education and perpetuate the poverty that pushed them into the workforce.

• More than half of women and girls in developing countries think that wife-beating is acceptable and, younger women are as likely to justify wife-beating as older women. In most regions, neglecting the children is the most commonly cited justification for wife-beating.

The report also offers a strategy to improve child protection, identifying five areas of activity that are needed to improve protective environments for children: 1) improving child protection systems; 2) promoting social change; 3) enhancing protection in emergencies; 4) strengthening partnerships for greater impact; and 5) collecting reliable data and using such data to achieve concrete results for children.

“This report on harmful practices and abuse of children comes just six weeks before the 20th Anniversary of the Convention of the Rights of the Child,” said Veneman. “The evidence of continuing harm and abuse must inspire the world to greater effort to guarantee the rights of all children, everywhere.” 

###

Background information

UNICEF is on the ground in over 150 countries and territories to help children survive and thrive, from early childhood through adolescence. The world’s largest provider of vaccines for developing countries, UNICEF supports child health and nutrition, safe water and sanitation, quality basic education for all boys and girls, and the protection of children from violence, exploitation, and AIDS. UNICEF is funded entirely by the voluntary contributions of individuals, businesses, foundations and governments.


For further information, please contact:

June Kunugi, Director UNICEF Tokyo, + 81 3 5467 4434 (office), + 81 80 1225 7799 (cell), jkunugi@unicef.org
Rebecca Fordham, UNICEF New York, + 1 212 236 7162 (office), rfordham@unicef.org

Соопштение за медиумите на македонски јазик


 УНИЦЕФ: Без заштитна околина, децата имаат суров живот

УНИЦЕФ објавува најнов Извештај за заштита на децата

ТОКИО, 6 октомври 2009 – Иако е направен напредок во намалувањето на некои повреди на детските права, се уште не се знае доволно за степенот на злоупотреба врз децата. Насилството и експлоатацијата остануваат сурова реалност во животот на многу деца во светот.

Милиони момчиња и девојчиња во светот се предмет на трговија, немаат родителска грижа или немаат лични документи за да можат да посетуваат училиште и за да имаат пристап до основна здравствена грижа. Уште неколку милиони се принудени да работат во штетни услови, додека други се соочуваат со насилство или злоупотреба во сопствените домови, училишта, заедници, институции или додека се во притвор, често од страна на возрасното лице на кое му е поверена грижата за детето.

Овие прашања се разгледуваат во новиот извештај на УНИЦЕФ -- “Напредок за децата: Извештај за заштита на деца,” – објавен денеска во Токио од страна на Извршниот директор на УНИЦЕФ Ен М. Венеман.

Во такви околности децата искусуваат фундаментални прекршоци на своите човекови права и претрпуваат физичка и психолошка штета која има далекусежно и понекогаш непоправливо влијание.

„Општеството не може да напредува доколку неговите најмлади членови се принудени на брак на рана возраст, злоупотребени како сексуални работници или доколку се негираат нивните основни права,“ рече Венеман. „Разбирањето на степенот на злоупотреба на правата на децата е прв чекор кон градење на околина каде децата се заштитени и имаат можност да го постигнат својот целосен потенцијал.”

Извештајот за прв пат заедно ги собира информациите за разни прашања кои влијаат врз децата, вклучително и сексуална злоупотреба и трговија, малолетнички брак, физичко казнување на деца, деца како работна сила, пријавување на децата при раѓање, лошата традиционална пракса за сакатење на женски гениталии и ставови во поглед на насилство врз жените во бракот.

Некои злоупотреби – како што се сексуална експлоатација и трговија со деца – вообичаено се извршуваат во услови на тајност и нелегалност, и со тоа собирањето на точни податоци е дополнителен предизвик.

Според достапните информации, очигледен е извесен напредок. На пример, податоците покажуваат дека во Бангладеш, Гвинеја и Непал – трите земји каде бракот меѓу деца преовладува – просекот на возраста за брак расте, иако се уште е под 18 годишна возраст. Извештајот исто така забележува бавен пад во сакатењето на женските гениталии во земјите каде таа злоупотреба е честа.

Во наодите на извештајот е вклучено:

• Повеќе од половина од децата во притвор низ светот не биле на судење или пак добиле пресуда.

• Во некои делови од светот, две третини од родените деца не биле пријавени во 2007 година. Во Сомалија и Либерија, помалку од 5 проценти родени деца се пријавени. Пријавувањето на децата по раѓањето е важен елемент во градење на заштитувачка околина за децата од голем број причини, вклучително и тоа дека без извод на родени тие се поподложни на сексуална експлоатација, трговија и нелегално посвојување.

• Повеќе од 150 милиони деца на возраст меѓу 5 и 14 години се ангажирани како работна сила. Детскиот труд често е и резултат и генератор на сиромаштија. Може да го оневозможи образованието на децата и да ја овековечи сиромаштијата која ги натерала да работат.

• Повеќе од половина од жените и девојките во земјите во развој сметаат дека насилството врз жената е прифатливо, а помладите жени се подеднакво спремни да го оправдааат насилството како и постарите жени. Во повеќето области, запоставувањето на децата е најчесто наведено оправдување за насилство врз жената.

Извештајот исто така нуди стратегија за подобрување на заштитата на децата, препознавајќи пет области на активности кои се потребни за подобрување на заштитна средина за децата: 1) подобрување на системите за заштита на децата; 2) промоција на социјална промена; 3) зголемување на заштита во итни случаи; 4) зајакнување на партнерства за поголемо влијание; и 5) собирање веродостојни податоци и користење на тие податоци за постигнување конкретни резултати за децата.

„Овој извештај за штетни практики и злоупотреба на децата доаѓа само шест недели пред 20 годишнината од Конвенцијата за правата на детето,“ рече Венеман. „Доказите за злоупотребата на децата која продолжува мора да го мотивира светот да вложи поголем напор за гарантирање на правата на сите деца, насекаде.” 

###

Основни информации

УНИЦЕФ е присутен во преку 150 држави и територии со цел да им помогне на децата да опстанат и да напредуваат, од раното детство до адолесценцијата. Како светски најголем набавувач на вакцини за земјите во развој, УНИЦЕФ го поддржува здравјето и исхраната на децата, чиста вода за пиење и санитетско-здравствени услови, квалитетно основно образование за сите момчиња и девојчиња и заштита на децата од насилство, експлоатација и СИДА. УНИЦЕФ е основан целосно од доброволни придонеси на индивидуални лица, бизниси, фондации и влади.


За дополнителни информации, ве молиме контактирајте ги:

Јуне Кунуџи, Директор на УНИЦЕФ Токио, + 81 3 5467 4434 (канцеларија), + 81 80 1225 7799 (мобилен), jkunugi@unicef.org
Ребека Фордхем, УНИЦЕФ Њујорк, + 1 212 236 7162 (канцеларија), rfordham@unicef.org

 

Забелешка за уредникот:
Податоци релевантни за земјата

Во извештајот за заштита на децата има податоци за нашата земја во однос на насилството над децата. Податоците се преземени од Мулти индикаторското кластерско истражување 2005-2006 кое го спроведе Државниот завод за статистика со поддршка од УНИЦЕФ.

Извештајот наведува дека 69 проценти од децата на возраст од 2 до 14 години се изложени на физичко и на психолошко казнување.  Од тоа 42 проценти се деца изложени на физичко и на психолошко казнување, 15 проценти само на физичко и 12 проценти само на психолошко казнување.
Насилното дисциплинирање на децата во нашата земја е распространето и покрај тоа што само 7 проценти од мајките и старателите сметаат дека децата треба физички да се казнуваат. Сепак секое второ дете на возраст од 2 до 14 години е изложено на физичко казнување.

Во споредба со другите земји од Југоисточна Европа расположивите податоци укажуваат дека децата во земјата се поизложени на насилство отколку децата во Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

“Невозможно е да се измери вистинскиот опсег на насилството врз децата затоа што многу нешта се случуваат во тајност. Се случуваат дома, на училиште, во заедницата и во институциите – и тоа често од страна токму на оние возрасни лица кои би требало да ги штитат децата.” Рече г-ин Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ во земјата.

“Превенцијата е најдобар облик на заштита. Секое општество треба да создаде околина во која законите, услугите и однесувањето во пракса го намалуваат ризикот од насилство над децата а доколку станат жртви на насилство им пружаат соодветна поддршка,” продолжи г-ин Јет.

 

 

 

 

Соопштение за медиумите на македонски јазик

[PDF]
(PDF documents require Acrobat Reader to view.)
Search:

 Email this article

unite for children